Ѓока: Ја преземам одговорноста за поразот од Мура… На фудбалерите им кажав главата горе се уште сме во Европа

Шкендија доживеа дебакл на гостувањето кај Мура во 1. коло од квалификациите од Лигата на шампионите каде беше поразена со убедливи 5-0. Тренерот на тетовскиот клуб Ернест Ѓока по мечот вели дека ја презема одговорноста за убедливиот пораз на неговиот тим.

„И честитам на Мура за победата. Заслужено се пласираа во втората рунда. Комплетно ја преземам одговорноста за поразот. На фудбалерите им кажав да ја кренат главата горе бидејќи ова не е крај и се уште сме на европска сцена. До моментот на црвениот картон на Кривак бевме рамноправене противник. Сепак, добиениот црвен картон го наруши балансот и не успеавме да се вратиме во натпреварот“, изјави Ѓока. 

Шкендија сега се сели во новоформираната Конференциска лига на УЕФА каде во второто коло ќе игра со летонската Рига.

Се вчитува...