Женската репрезентација за кошаркарки до 20 години го претрпе и вториот пораз на ФИБА-челинџер турнирот што се одржува во Скопје, откако избраничките на селекторот Димитријевиќ вечерва загубија од селекцијата на Романија со резултат 55-78.
Како кобна се покажа втората четвртина во која „црвено-жолтите“ одиграа катастрофално во нападот, постигнувајќи само четири поени (4-21) и овозможувајќи му на противникот да стигне до недостижна предност. Првиот период мина во одлична офанзивна игра на двете страни, Македонија постигна дури 21 поен, но сепак оваа четвртина ја завршивме со негатива од 21-26. По катастрофалната втораа четвртина разликата веќе беше над 20 поени, по што и покрај солидното парирање во преостанатите 20 минути, македонските кошаркарки не успеаја посериозно да се приближат.
Митрева со 20 и Стојанова со 11 поени беа најефикасни во нашиот табор.
По убедливите порази од Луксембург и од Романија, нашите кошаркари утре и задутре се слободни, а својот следен натпревар ќе го играат в сабота против фаворитот во групата, селекцијата на Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА