Во хотел во Хамамацу е регистриран Ковид-19 откако осум вработени добиле позитивни тестови на смртоносниот вирус, а таму е сместена џудо репрезентацијата на Бразил, која пристигна во Јапонија за настап на Олимписките игри.
Управата на хотелот соопшти дека сите 30 вработени биле тестирани во саботата пред да пристигнат бразилските спортисти. На работа биле вратени тие кои имале негативни тестови на коронавирус, па никој од заразените немал контакт со спортистите.
Според наајвите, Олимписките игри во Токио се очекува да почнат на 23 јули доколку не се појави некој дополнителен проблем со Ковид-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА