МОК му врати на Петровски: Имаш помалку бодови од Дерковски, затоа треба да му честиташ

Раководството на МОК му врати на пливачот Давор Петровски по обвинувањата дека бил неисправно избришан од листата на патници за Токио.

Според челниците на Македонскиот Олимписки Комитет, станува збор за одлука базирана единствено на рејтингот и освоените ФИНА бодови во 2021 година, што Филип Дерковски ги има повеќе во однос на Давор Петровски.

Реакцијата на МОК ја пренесуваме во целост:

Давор Петровски,

Веруваме дека си добар спортист и иден пливач кој сигурно ќе даде се од себе да оствари одличен резултат во пресрет на Олимписките игри ПАРИЗ 2024 година и дека со “А“ квалификационо време ќе го обезбедиш своето учество на следните Олимписки игри во Париз.

Сега, после официјалната Одлука на ФИНА, која е исклучиво надлежна за доделување на Универзално место за учество на спортисти без А или без Б квалификационо време за учество на ОИ ТОКИО 2020, ти преостанува да му честиташ на Филип Дерковски Filip Derkoski кој има 732 ФИНА бодови, според официјалната ФИНА табела за 2021 година, а на која го нема твоето име, бидејќи ти имаш резултат кој ти носи 697 ФИНА бодови, кој е послаб резултат од оној на Филип Дерковски!

Веруваме во твој фер и коректен однос кон твојот другар спортист и веруваме дека заради лош менаџмент на информации доведен си во целосна заблуда за реалната ситуација која е заклучена со конечна Одлука од страна на ФИНА!

Оваа информација е официјално објаснета и на веб страната на МОК www.mok.org.mk под наслов: “СООПШТЕНИЕ ОДЛУКА НА ФИНА ЗА УНИВЕРЗАЛНО МЕСТО ЗА ФИЛИП ДЕРКОВСКИ”

Се вчитува...