Играчот за врска на Јувентус, Артур (24), ќе го пропушти почетокот на сезоната во Серија А поради операција на коленото. Бразилецот се бори со болки и проблеми од декември минатата година, кога доби удар во коленото на мечот со Аталанта.
Артур ќе биде надвор од тимот во следните два месеци, но треба да биде подготвен до почетокот на натпреварувањето во Лигата на шампионите, до 15-ти септември.
За потсетување, Артур претходно играше за Барселона и Гремио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА