Мурињо славеше со 10-0 во неговото деби со Рома

Португалскиот стратег Жозе Мурињо дебитираше како нов шеф на стручниот штаб на Рома. На своето деби тој славеше со 10-0 против четвртолигашот Монтекатини. Натпреварот се одигра во тренинг центарот на Рома, а мечот го одбележа враќањето на Николо Заниоло кој поради повреда отсуствуваше десет месеци од терените.

Стрелци за римската волчица на мечот беа Карлес Перес, Манчини, Калафиори, Залевски, Дијавара (два гола), Борха Мајорал (три гола) и автогол на Санти.

 

Се вчитува...