Џанлуиџ Донарума пред неколку дена и официјално стана член на Пари Сен Жермен. Тој воодушеви со своите партии на Европското првенство со кои ја однесе Италија до титулата. Тој потпиша петгодишен договор со францускиот тим откако во Париз стигна без обештетување бидејќи му истече договорот со Милан.
Исто така Донарума ги изненади сите кога го избра бројот „50“ да го носи на својот грб. Тој во Милан носеше дрес со број „99“ кој сакал да го носи и во ПСЖ, но од францускиот тим не му било дозволено.
Имено, Лига 1 не им дозволува на голманите да носат било кој друг број освен 1, 16 и 30, а бидејќи сите овие се зафатени во ПСЖ на крајот му остана да бира меѓу „40“ и „50“. Неговата желба беше да игра во дресот со број „99“ поради тоа што е роден во 1999 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА