Легендарниот југословенски фудбалер и тренер, Милан Живадиновиќ почина на 76 годишна возраст од мозочен удар. Тој е роден на 15. декември 1944 година во Белград, а остави голема трага во југословенскиот фудбал.
Фудбалската кариера ја почна во белградска Црвена Звезда, а од 1963 до 1965 година беше дел и од скопски Вардар за кого запиша 23 настапи на кои постигна пет гола. Како тренер ја водеше Југославија од 1998 до 1999 година, а беше селектор и на Ирак, Јемен, Гана и Мијанмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА