Без голови заврши контролната средба Охрид – Тиквеш, која претпладневно се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“. Тренерите на Охрид и Тиквеш во тест средбата која траеше 60 минути (2 пати по 30 минути) испробаа некои варијатни и истрчаа со комбинирани состави.
За „рибарите“ кои со подготовки почнаа во понеделникот ова беше прв тест меч, додека Тиквеш прв пат ремизираше после двете победи над Македонија Ѓорче Петров 4-2 односно Работнички 3-1.
Новиот прволигаш Тиквеш подготовките во Охрид ќе ги заврши утре, со нов контролен натпревар. Ривал на кавадарчани ќе им биде Ренова. „Рибарите“ за недела дена ќе ги одмерат силите со Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА