Македонскиот фудбалски репрезентативец Влатко Стојановски му донесе триумф на Ним од 1-0 во пријателскиот натпревар против Ајачио. Македонецот победничкиот погодок за својата екипа го постигна во 85. минута.
Откако минатата сезона беше испратен на позајмица во Шамбли, тој се врати во дресот на Ним, а доколку продолжи со одличните партии во подготвителниот период дефинитивно сезонава ќе остане во Ним со кој ќе се обиде да се врати во елитното натпреварување во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

