Коронавирусот го нападна италијанскиот калчолигаш Специја. Од клубот ја информираа јавноста дека шест фудбалери и еден член на на стручниот штаб се заразени со Ковид-19. Од клубот ги прекинаа сите фудбалски активности.
„Специја објавува дека последните тестирања покажаа дека шест фудбалери и еден член на стручниот штаб се позитивни на коронавирус. Поради тоа клубот поради внимателност ги прекина сите активности и цела екипа замина во изолација“, стои во соопштението од Специја.
📌 Comunicato Ufficiale: #COVID19
➡️https://t.co/D7f1PzFMI5 pic.twitter.com/gnolmrbFvw
— Spezia Calcio (@acspezia) July 17, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА