Женската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби и од Словачка (44-75) во натпревар од 3. коло од Челенџерот за кошаркарки до 20 години. Словачка подобро го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од 13-21. Избраничките на Саша Димитријевиќ одиграа добро во втората четвртина која ја добија со 18-14 и на полувреме заминаа со негатива од 31-35.
Сепак, вистински пад се случи во третиот период кој го загубивме со 23-7, а до крајот немаше време да се направи ништо повеќе. Елена Тасевска со 16 поени беше најефикасна во таборот на Македонија, додека кај победникот Луција Зилинска заврши со 15 поени.
Ова за Македонија беше трет пораз на турнирот откако претходно губевме и од Луксембург и од Романија, а утре младите девојки ги очекува последниот меч против Косово со кој ќе се обидат да го избегнат дното во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА