Луис Ван Гал наскоро би требало да биде официјализиран како нов селектор на репрезентацијата на Холандија. Ќе го наследи Франк Де Бур кој испадна во осминафиналето на Европското првенство 2020 од Чешка.
Откако именувањето на Ван Гал на клупата на Холандија стана сосема извесно, „Мирор“ објави тескт во кој се наведува дека холандските репрезентативци револтирани се побуниле против одлуката Ван Гал да биде новиот селектор.
Авторот Симон Мулок напиша дека побуната ја предводи капитенот Вирџил Ван Дајк кој е прв против именувањето на Ван Гал. Ван Дајк, кој се уште се опоравува од тешката повреда на лигаментите, сепак преку Твитер жестоко реагираше на тој текст.
„Оваа приказна е целосно лажна. Срам да ви е господине Мулок“ – напиша дефанзивецот на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА