Актуелниот шампион на Европа сеуште чека на првото засилување за новата сезона, а и покрај тоа што Челси извиси во трката за Ерлинг Халанд, погледите на Томас Тухел остнуваат кон Германија. Овој пат во преден план за сините е „бунтовникот“ во редовите на Баерн Минхен, Кингсли Коман.
Французинот не успеа да најде заеднички јазик со управата на баварскиот клуб во однос на нов договор со поголеми примања па се поверојатно е дека 25-годишникот ова лето ќе го напушти клубот. Сепак Баерн Минхен нема да го пушти крилниот играч за „скромна сума“, клубот веќе и одбил неколку понуди за играчот, меѓутоа Челси има „џокер“ во ракавот.
Имено, тоа е Калум Хадсон Одои кој е голема желба на баварците веќе некое време. Доколку овој трансфер се реализира тоа прво би било позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната, а и двете страни би го добиле она што го сакаат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА