Ова е најдобрата петорка во историјата на АБА-лигата

АБА-лигата прославува 20 години од постоењето на ова регионално натпреварувања, а наивачите преку социјалните мрежи гласаа за своите фаворити во изборот за членови на најдобрата петорка во историјата на АБА.

Според гласовите, овој „дрим-тим“ го сочинуваат Американците Марку Вилијамс и Кит Ленгфорд, потоа Богдан Богдановиќ, Крунослав Симон и Јан Весели.

Вилијамс своите најдобри игри во АБА ги прикажуваше во дресот на Црвена Звезда, тим со кој стана првак во 2015 година. Подоцна тој го носеше и дресот на Будуќност, но без преголем успех. Ленгфорд една година играше во ова натпреварување носејќи го дресот на Макаби, стигнувајќи до МВП признанието при освојувањето на трофејот на израелскиот гигант во 2012 година.

Симон настапуваше за тимот на Загреб од 2002 до 2012 година, пред да ја почне својата блескава меѓународна кариера што кулминираше со освоената титула во Евролигата минатата сезона со Анадолу Ефес.

Богдан Богдановиќ беше меѓу лидерите на Партизан во походот по титулата во 2013 година, додека Весели e троен првак на АБА додека го носеше дресот на белградските „црно-бели“.

Се вчитува...