Бризбејн ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2032 година

Австралиски Бризбејн ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2032 година, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

„Ова е голем ден за Австралија. Им благодарам на челновите на ИОК на довербата. Игрите ќе бидат во вредни, благодарни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти во светот дека тоа ќе биде незаборавно искуство“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Коутс.

Ова ќе биде трет пат како Австралија ќе биде домаќин на Олимписки игри. Претходните двапати Мелбурн беше домаќин во 1956, додека Сиднеј беше домаќин во 2000 година.

 

Се вчитува...