Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години стигна до трилер победа над Романија по продолженија од 78-79 во 2. коло од ФИБА челинџер турнирот кој се игра во унгарски Сопрон.
„Црвено-жолтите“ може да жалат што порано не го затворија натпреварот и дозволија трилер завршница бидејќи во третата четвртина во еден момент имаа и предност од 19 поени која не успеаја да ја задржат. Вториот дел од третата четвртина и последниот период избраниците на Тони Симиќ го одиграа слабо и на противникот му дозволија да влезе во егал завршница.
Прво Романците на 16 секунди промашија напад за победа, а потоа и младите кошаркари на Македонија не го искористија последниот напад по што мечот отиде во продолженија.
Таму се играше поен за поен, а херој за Македонија беше Лука Савичевиќ кој со тројка на четири секунди до крајот донесе победа за „црвено-жолтите“.
Виктор Исајловски со 15 поени беше прво име, додека херојот Савичевиќ заврши со шест поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА