ПСВ Ајндховен славеше со 5-1 против Галатасарај во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите од Лигата на шампионите.
Домаќините поведоа со 2-0 со двата гола на Захави во 2. и 35. минута, а до крајот на првиот дел гостите намалија преку Килинќ во 42. минута.
Во вториот дел Марио Геце во 52. минута зголеми на 3-1, по што следуваше третиот гол на Захави за предност од 4-1, а конечните 5-1 ги постави Марио Геце.
КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ 2. КОЛО:
Алмати – Црвена Звезда 2-1
Малме – ХЈК 2-1
Мура – Лудогорец 0-0
Слован Братислава – Јанг Бојс 0-0
Легија – Флора 2-1
Олимпијакос – Нефчи 1-0
ПСВ – Галатасарај 5-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА