Поранешниот српски пливач, Милорад Чавиќ се потсети на легендарната трка на 100 метри пеперутка на Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Во една од најлегендарните трки во историјата на Олимписките игри Американецот за една стотинка славеше над Србинот и со тоа успеа да стигне до рекордни осум златни медали на едни игри.
„Секогаш во моето срце знам дека победив. Знам дека и некои медиуми сакаат да го признам поразот. Но, тоа никогаш нема да го направам бидејќи освоив злато. И понатаму боли тоа што „Омега“ беше и остана негов спонзор. Секогаш имаа интерес да го бранат, отколку да кажат дека системот им имаше проблеми“, изјави Чавиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА