На крајот од своите подготовки во Банско, фудбалерите на Македонија ЃП триумфираа на пријателскиот натпревар против Академија Пандев за кои, пак, ова беше прв тест-дуел на подготовките во Бугарија.
„Лавовите“ славеа со 2-1 против „пандевци“ со голот во 72. минута, откако претходно двата тима реализираа со удари од белата точка. Македонија ЃП поведе во 21. минута, а Академија Пандев израмни со гол во 58. минута.
По овој дуел избраниците на Александар Таневски подготовките до почетокот на новата сезона од Првата македонска фудбалска лига ги продолжуваат во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА