Боксерската заедница тагува поради смртта на големиот талент, Френк Вори. Трагичната вест за смртта на 16-годишникот доаѓа од Велика Британија, а се уште нема службена причина за неговата смрт. Сепак, медиумите наведуваат дека младиот боксер се удавил во реката Чешир.
Неговата смрт ги шокираше сите, а почит му оддадоа некои од најголемите боксери на денешницата.
„Почивај во мир Френк. Ти ќе беше светски шампион еден ден“, напиша Тајсон Фјури.
„Збогум дете, никогаш нема да бидеш заборавен. Легендите никогаш не умираат. Светот е окрутен се молам за тебе и целото твое семејство“, напиша Хопи Прајс.
Френк Вори го освои јуниорското првенство во својата тежинска категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА