Френк Кеси го менува „Сан Сиро“ за „Енфилд роуд“

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Френк Кеси би можел да биде засилување за тимот на Ливерпул, пренесуваат италијанските медиуми. Јирген Клоп сака да го доведе Кеси во своите редови, а во полза му оди тоа што на младиот играч за врска му истекува договорот со Милан на крајот на следната сезона.

Доколку „црвените“ не успеат да го доведат летово за некоја нормална сума, тој следното лето и дефинитивно како слободен играч ќе се пресели на „Енфилд роуд“. Кеси во Милан стигна во 2019 година од редовите на Аталанта. Милан веќе му понуди нов договор, но преговорите не течат брзо, па лесно може да се случи да се повтори сценариото со Чалханоглу и со Донарума, кои по долгите неуспешни разговори на крајот како слободни играчи си заминаа од тимот.

Кеси за клубот од „Сан Сиро“ досега запиша 72 настапи на кои постигна 17 гола.

Се вчитува...