Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години денеска од 19:30 часот силите ќе си ги одмери со домаќинот на ФИБА „Челинџерот“, Унгарија за место во финалето на турнирот.
Избраниците на Тони Симиќ по победите над Луксембург и Романија, загубија од Швајцарија со што групната фаза ја завршија како второпласирани и осигураа дуел во разигрувањето против Унгарците.
Денешниот противик е непоразен во досегашниот дел од турнирот во кој забележа победи над Белорусија, Словачка и Косово, па јасно е дека „црвено-жолтите“ ги очекува тежок дуел во битката за финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА