Се поизвесно е дека на епизодата на Антоан Гризман во Барселона и се ближи крајот. Французинот не успеа да ја пренесе фантастичната форма од Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, а финансиските проблеми кои ги зададе пандемијата на коронавирусот дополнително го забрзаа процесот за неговото заминување.
Со изминатиот период се споменуваше враќање на францускиот репрезентативец во Атлетико Мадрид како замена за Саул Нигез, како и размена со Јувентус за Пауло Дибала, но за сега тоа се само шпекулации. Сепак претседателот на каталонскиот тим вели дека постои интерес за Гризман и не ја исклучи можноста да негово заминување.
„Гризман е играч на Барселона и има договор до 2024 година. Сметаме на него за следната сезона, но постои интерес на трансфер маркетот. Тоа е потврда за неговиот квалитет. Маркетот сега е променет, морате да ја користите имагинацијата, да размислувате за замени, но ние го цениме Антоан. Клубот вложи многу во него“, вели Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА