Лос Анџелес Лејкерс не успеаја да ја одбранат титулата во НБА лигата, но тимот од „Ел-Еј“ веќе е насочен кон следната сезона и враќање на тронот. За тоа на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе им биде потребна уште една супер-ѕвезда, а погледите се насочени кон бековската позиција.
Во игра за нов играч на тимот од „градот на ангелите“ се неколку имиња меѓу кои е и Кајл Лаури. Играчот кој е дел од Торонто од 2012 година е спремен за промена на средината, а тоа е во полза и на Лејкерс кои на 35-годишникот можат да му понудат ветерански договор.
Рамо до рамо со „Кралот“ може да заигра и Демар Дерозан кој впрочем и беше желба на тимот изминатата сезона. Доколку тоа се случи Лаури и Дерозан повторно би заиграле заедно по 2018 година.
DeMar DeRozan and Kyle Lowry are reportedly interested in joining the Lakers, per @BA_Turner pic.twitter.com/QGTkL1hUFq
— NBA Central (@TheNBACentral) July 23, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

