Македонскиот пливач Филип Деркоски заврши на последното место во својата квалификациска група во трката на 400 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио.
Во првата квалификациска група во оваа дисциплина, во која беа само четири пливачи, Деркоски заврши на четвртото место со време 4:03.34 што е подобро од неговото пријавено време за Олимписките игри.
Деркоски го подобри времето со кое беше пријавен на ЛОИ, 4:04.10 минути, испливано претходно на 17. мај, за 76 стотинки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА