Контроверзниот Марио Балотели често на фудбалските терени знаеше да направи хаос. Токму поради тоа и остана без позабележителна фудбалска кариера, и покрај нескриениот огромен потенцијал.
Сепак, може да се пофали дека настапувал за гиганти како Милан, Интер, Ливерпул…, иако најголемите проблеми ги правеше како член на Манчестер сити.
Еден од најбизарните моменти во дресот на Сити го имаше на пријателскиот натпревар против ЛА Галакси одигран точно пред десет години. Балотели го почна мечот во нападот заедно со Един Џеко, но тогашниот менаџер Роберто Манчини се одлучи да го замени по само 25 минути игра, поради потег кој на никого не му беше јасен.
Марио беше сам пред противничкиот гол, и место да ја смести во мрежата се одлучи да се забавува со пета… Џеко само ги ширеше рацете, а Манчини веднаш реагираше вадејќи го од игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА