Крај на една ера? Тотенхем доведе голман од Аталанта (ФОТО)

Италијанскиот голман Пјергулиџи Голини официјално е нов играч Тотенхем откако лондонскиот клуб успеа да договори едногодишна позајмица со доскорешниот чувар на мрежата на Аталанта со можност за откупување на договорот на крајот на сезоната за 15 милиони евра.

Дваесетишест годишниот Голини е првото засилување по пристигнувањето на Нуно Еспирито Санто на клупата на Тотенхем, а лондонскиот тим во Италијанецот гледа можна замена за Хуго Лорис. Французинот кој е дел од Тотенхем од 2012 година во последно време се почесто беше споменуван за трансфер надвор од „Хотспур“, што и дефинитивно би значело крај на една ера.

t>

Се вчитува...