Солскјер доживеа „потоп“ од КПР на денот на промоција на новиот договор со Јунајтед, Дортмунд загуби од Билбао (ВИДЕО)

На денот кога беше потврден новиот договор со менаџерот Оле Гунар Солскјер до 2024 година, Манчестер јунајтед доживеа убедлив пораз од 2-4 на пријателскиот натпревар со КПР.

И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Лингард уште во 3. минута во продолжението дозволија четири гола на противникот. КПР три погодоци постигна во периодот од 52. до 59. минута…

 

На крајот Еланга со гол во 73. минута само го ублажи поразот за конечни 2-4.

Борусија Дортмунд, пак, загуби со 0-2 на тестот со Атлетик Билбао. Гарсија и Вивиан во второто полувреме беа стрелци на головите за шпанскиот тим.

Се вчитува...