Фудбалерите на Работнички триумфираа со 2-0 на пријателскиот натпревар против Охрид кој попладнево се одигра на теренот на Спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид.
„Романтичарите“ до победата дојдоа со головите на Кристијан Стојкоски во 40. минута и Марио Станковски во 44. минута од средбата. Следниот тест за Работнички ќе биде косовскиот тим Гњилане на 27. јули.
Второлигашот Кит Го со победа ја почна серијата пријателски натпревари низ подготвителниот период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток.
Кит Го на првиот тест-дуел летово кој го играше во Пехчево славеше со 2-0 против Слога Виница. Победникот беше најавен уште во 1. минута со погодокот на Кире Трпчевски, а во 26. минута стрелаше и најдобриот стрелец на Кит Го, Бошко Ступиќ за конечни 2-0.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев денешниот натпревар го почна во следниот состав: Давков, Јанкулов, Христов, Андонов, Милевски, Рушту, Цуцковски, Рунтев, Мичковски, Ступиќ и Трпчевски. Во второто полувреме шанса добија и Алексов, Ангелов, Богдановски, Бајрамов, Коцев, Николов…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА