Енди Мареј се повлече од Олимписките игри: Се откажа од одбрана на златото

Британскиот тенисер Енди Мареј нема да го брани златниот медал во сингл на Олимписките игри во Токио. Мареј, кој е двократен едноподруго олимписки шампион, се повлече од турнирот во поединечна конкуренција на ЛОИ поради повреда на квадрицепсот.

Мареј во петокот играше во двојки, каде со Салисбјури приреди големо изненадување елиминирајќи ги Ербер и Мау. Па, ќе продолжи да игра на турнирот во двојки.

„Донесов тешка одлука, морав. Се откажувам од сингл и ќе се фокусирам само на турнирот во двојки“ – соопшти Мареј.

Негова замена во поединечна конкуренција ќе биде Макс Пурсел од Австралија.

Се вчитува...