У-20: Убедлив пораз и од Швајцарија за 4. место на ФИБА „Челинџер купот“

Македонската репрезентација за кошаркари до 20 години загуби од Швајцарија во натпреварот за 3. место на ФИБА „Челинџер купот“ кој се одржуваше во Унгарија.

Избраниците на Тони Симиќ на крај го освоија 4. место откако денеска загубија од Швајцарија со 71-53.

Македонската селекција по израмнетото прво полувреме кое заврши со 29-29, комплетно потфрли во второто полувреме. Швајцарците ја добија третата четвртина со 23-14 што беше пресудно за поразот. Во последниот период од играта не успеавме да се вратиме на крај за убедлив пораз.

Љубиша Димитровски со 22 поени беше единствениот вистински расположен за игра во македонската селекција, а Исајловски мечот го заврши со 9 поени и шест скока. Кај Швајцарците се издвои Кевин Мартина со 28 поени и седум скока.

Се вчитува...