Олимпискиот комитет на С. Македонија преку соопштение објавено утрово обелодени во кој состав е отпатувана македонската делегација на ОИ во Токио.
Објавата следи откако беше обелоденето дека првиот човек Даниел Димевски, заедно Генералниот секретар Сашо Поповски и со Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, и во услови на пандемија вметнале свои блиски лица на списокот за приоритетна вакцинација како дел од олимписката делегација. Во реакција на МОК се потврдува дека Димевски, Мојсовски и Поповски се наоѓаат во Токио со придружба, но се наведува дека трошоците се покриени од страна на ИОК.
Реакцијата на МОК ја пренесуваме во целост:
Со цел веродостојно информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија информира дека Олимписката делегација за Олимписките игри ТОКИО 2020, кои се сместени во Олимпиското село во Токио, е во состав:1. Владимир Богоевски – Шеф на делегација
2. Небојша Настов – доктор3. Дејан Георгиевски – спортист4. Дарко Костовски – тренер5. Борче Костовски – тренер6. Филип Додевски – спаринг партнер7. Миа Блажевска Еминова – спортист8. Филип Деркоски – спортист9. Илија Стојановски – тренер10. Јован Стојоски – спортист11. Марина Мишиќ – тренер12. Борјан Бранковски – спортист13. Јордан Тасевски – тренер14. Пулексенија Јованоска – спортист15. Стојан Aндриевски – тренер16. Арбреша Реџепи – спортист17. Горан Мицкоски – тренер18. Магомедгаджи Нуров – спортист19. Могамед Ибрагимов – тренерСите погоре наведени се сместени во Олимпиското село во Токио.Согласно правилата на Меѓународниот олимписки комитет, официјални гости за кои трошоците за престој и пат ги поднесува исклучиво ИОК се Даниел Димевски – претседател, Сашо Поповски – Генерален секретар, Наумче Мојсовски – висок државен претставник, сите со по еден член во придружба.Ова е комплетниот состав на македонската делегација во Токио.Олимпискиот комитет на Северна Македонија ниту има закупено хотелски соби нити има платено какви и да се финансиски средства за оваа намена која е во целост финансиски покриена од страна на ИОК за сите погоре наведени лица.Во услови на засилени и строги мерки заради глобалната пандемија КОВИД – 19, кога сите движења се ограничени до максимум, кога излезот на спортистите надвор од Олимпиското село не е дозволен, туку можни се само настапи на спортските натпревари, а официјалните лица не смеат да излагат од хотелот, нивниот престој е исклучиво во работна функција и договарање на нови Олимписки програми и проекти за кои дополнително и детално ќе информираме.
Олимписки комитет на Северна Македонија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА