Ѓорѓи Мојсов и официјално ги одигра последните професионални секунди во дресот на кавадаречки Тиквеш, одлучувајќи да стави крај на својата долга и богата фудбалска кариера.
Мојсов на меморијалниот турнир „Вуко Каров“ одигра 141 секунда, симболични во знакот на бројот на натпревари одиграни за Тиквеш, а потоа со овации беше испратен од „Лозарите“ и кавадаречката публика.
По крајот на турнирот 36-годишниот Мојсов во присуство на членовите на семејството и својот брат Даниел Мојсов доби и подароци и признанија од Тиквеш во знак на благодарност за неговиот придонес за успесите на кавадарчани.
По крајот на играчката кариера, Мојсов сепак останува во редовите на Тиквеш и во новата сезона како помошник во стручниот штаб на Пане Блажевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА