Вториот рекет во светот, Данил Медведев стигна до лесна победа во 2. коло на олимпискиот турнир во Токио откако славеше над Индиецот Сумит Нагал со 2-0, по сетови 6-2 и 6-1.
Медведев во осминафиналето за противник ќе го има Италијанецот Фабио Фоњини кој беше подобар од Белорусинот Егор Герасимов.
Пласман меѓу 16 најдобри во машкиот дел од турнирот обезбедија и Германецот, Александар Зверев, Шпанецот, Алехандро Давидович-Фокина и Грузиецот Николос Басилашвили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА