Прволигашот Голден Арт КЛ7 продолжува со формирање на екипата со која скопскиот клуб се надева на експресно враќање во елитното ракометно друштво.
Ново име на Голден Арт од денеска е Никола Димитров, млад битолчанец кој потекнува од школата на Пелистер, а во изминатите години има настапи за екипите на Вардар, Работнички и Младост Богданци. Според потпишаниот договор, Димитров во следните две сезони ќе го носи дресот на Голден Арт КЛ7.
„Изминатите две години Голден Арт КЛ7 е клуб од кој проникнаа голем број млади ракометари кои се промовираа во репрезенатитвци, обрнувајќи внимание на развој на млади ракометари, создавајќи услови на истите да го реализираат својот сон и да се етаблираат во сениорскиот ракомет. Токму поради тоа се одлучив да пристапам и со нетрпение го очекувам стартот на подготовките. Со тренерот Никола Матлиески има претходно искуство и очекувам добар тренажен процес и гледам можност за мој понатамошен развој“ – изјави Димитров по потпишување на договорот со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

