Македонскиот тaеквондист Дејан Георгиевски е максимално подготвен за своето деби на Олимписките Игри, во кое вечерва по 6.45 часот по македонско време ќе се сретне со Рафаел Алба од Куба.
Ждребот не му беше наклонет на Македонецот, Алба е актуелен светски првак, но Георгиевски останува оптимист, дека ќе може да го земе скалпот на Кубанецот и да си го оствари големиот сон – да се закити со олимписки медал.
„Во Токио се наоѓаат 16-те најдобри таеквондисти, ова се Олимписки игри и нема слаби ривали. Конкуренцијата е пеколна, но со повеќе од нив се имам борено, доста голем дел од нив ги имам победувано. Јас сум сигурен дека можам да победам било кого на овој свет и ветувам дека ќе донесам медал од овие Олимписки Игри“, изјави Георгиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА