Денешниот ден, овој 27 јули ќе биде со златни букви испишан во македонската спортска историја, по првиот сребрен медал што Македонија го освои на едни Олимписки Игри.
Дејан Георгиевски е новиот спортски херој на нашата земја, по извонредниот настап што 22-годишниот таеквондист го имаше во изминатите десетина часа, кога забележа три извонредни победи пред финалниот пораз.
Среброто има златен сјај не е само обична фоскула, бидејќи Георгиевски за неколку часа ја обедини цела нација, сите ги научивме правилата за таеквондо, се радувавме на победите, но и останавме горди во поразот, како што доликува кога се бодри најуспешниот македонски олимпиец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА