Пелистер го претстави Секељи: Митревски и Манасков ми кажаа се за Македонија

Ракометниот вицешампион на Македонија Еурофарм Пелистер го претстави унгарското засилување Мартон Секељи. Тој вели дека пред доаѓањето разговарал со Никола Митревски и Дејан Манасков и тие се му кажале за клубот.

„Играв против Еурофарм Пелистер како играч на Татабања и на Веспрем, така да знам многу за клубот и за тимот. Супер-задоволен сум што сум тука. Беше крај на летото кога клубот ме покани да им се придружам и многу сум задоволен што се договоривме и што се приклучив на овој традиционален клуб. Разговарав многу со Никола Митревски и додека игравме во Порто, но исто така и ова лето. Разговарав и со Дејан Манасков исто така, па ги знам сите потребни детали за клубот“, вели Секељи. 

 

 

Се вчитува...