Дани Карвахал и во следните четири години ќе биде дел од Реал Мадрид откако шпанскиот репрезентативец денеска и официјално ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“ до 2025 година. Левиот бек кој потекнува од младинската школа на Реал Мадрид речиси целата своја кариера ја помина во „белиот“ дрес, а само во сезоната 2012-13 беше дел од Баерн Леверкузен.
По враќањето во редовите на мадридскиот клуб Карвахал беше еден од клучните играчи на тимот во најтрофејниот период на Реал Мадрид во кој се освоени четири титули во Лигата на Шампионите, две титули во шпанското првенство и Купот на Кралот. За „белите“ тој одигра 294 меча, постигна шест гола, а забележа и 50 асистенции.
👕👀 @DaniCarvajal92#Carvajal2025 pic.twitter.com/FLn75tsZl1
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

