Романскиот гигант ФЦСБ (поранешна Стеауа од Букурешт) испадна денеска во 2. квалификациско коло од Конференциската лига од казахстански Шахтјор Караганди, во чии редови настапува и нашиот Давид Атанаскоски.
Откако ФЦСБ славеше на првиот дуел во Букурешт со 1-0, денеска загуби со 1-2 во регуларниот дел, а по изведувањето на пеналите понатаму продолжува Шахтјор. Прецизен изведувач на еден пенал за Шахтјор беше и Атанаскоски.
Но, по дуелот, бесен поради елиминацијата, контроверзниот сопственик на ФЦСБ, Џиџи Бекали веднаш им врачи отказ на двајца фудбалери.
„Вучур и Ондрашек се веќе поранешни за нашиот клуб. Уште утре добиваат отказ“ – порача Бекали по мечот.
FCSB owner Becal8 said he will sack two players following the embarassing Conference League exit: “Vucur and Ondrasek are both out. They will be released.” Both were signed this summer.
— Emanuel Roşu (@Emishor) July 29, 2021
А, срамна елиминација доживеа и сплитски Хајдук. Откако хрватите по првиот меч имаа предност од 2-0 против казахстански Тобол, денеска во регуларниот дел загубија со 3-1, а по продолжение беше 4-1 за Тобол во чии редови настапи и поранешниот младински репрезентативец Амановиќ.
Во редовите на Хајдук последните десет минути од продолженијата ги одигра и Јани Атанасов. Тобол до голот за пласман во следната рунда дојде во 119. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА