Легендата на Арсенал, Арсен Венгер е пред камбек во тренерските води откако сериозен интерес за неговиот ангажман покажа репрезентацијата на Швајцарија. Искусниот стратег е без анагжан од 2018 година, но не стави крај на својата богата кариера и остави место за нов анагжман.
Доколку францускиот стратег стави потпис со швајцарската репрезентација тој ќе го замени Владимир Петковиќ, кој по успешното Европско првенство се повелече од оваа функција по седум години и во иднина ќе биде шеф на стручниот штааб на Бордо.
Венгер, кој тренерската кариера ја започна во 1984 година беше желба на Швјацарците и во 1995 година, но тогаш стратегот не успеа да ги договори условите со швајцарската федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА