Дарко Соколов и во следната сезона ќе биде дел од вицешампионот Еуро Никел откако успеа да ги договори условите за продолжување на соработката со клубот од Кавадарци.
Искусниот бек во претходната сезона беше еден од клучните играчи во составот на Горан Самарџиев во камбекот на кавадарчани во финалето на домашната сцена со просек од 15.1 поен, 6.2 скока и 3.8 асистенции на 28 одиграни натпревари.
Со одличната сезона Соколов потсети на своите најдобри денови и го привлече вниманието од останатите клубови на домашната сцена. Тој беше желба и на Работнички, но на крајот двократниот шампион нема да ги промени клупските бои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА