Пандев денеска потпишува нов договор со Џенова

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев ја продолжува клупската кариера на уште една сезона, а денеска и официјално ќе стави потпис на нов договор со Џенова, пренесува „Скај Спортс“.

Пандев кој импресираше на историското европско првенство за Македонија е дел од Џенова од 2015 година. За овој тим досега одигра 165 натпревари на кои 32 пати ја тресеше мрежата, а 11 пати беше асистент.

Сега 38-годишникот богатата кариера ја започна во Беласица од каде следеше трансфер во Интер, а по позајмиците во Специа и Анкона премина во редовите на Лацио. Одличните игри во овој клуб му донесоа нов трансфер во Интер со кој ја освои и Лигата на Шампионите пред преминувањето во Наполи и Галатасарај.

Се вчитува...