Новак Ѓоковиќ до четвртокот најавуваше атак на два златни медали, но вчерашниот ден донесе фијаско, откако Србинот најпрвин го загуби полуфиналето во сингл од Зверев, а потоа видно исфрустриран го загуби и полуфиналниот дуел во микс-дубл со својата сонародничка Нина Стојановиќ.
Поразите оставија силна трага врз формата на Новак, кој денеска го загуби со 1-2 во сетови дуелот за бронзениот медал од Карено Буста, а фијаското се комплетира откако Ѓоковиќ самиот се повлече од мечот за бронзата во микс-дубл. Српскиот дубл требаше да се сретне со Австралијците Пирс и Барти, но Новак поради умор го откажа настапот на овој меч.
Неславен крај на оваа олимписка авантура на прворангираниот светски тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА