Работнички ја совлада Каменица Саса со 3-1 на последниот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата лига кој се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Марио Станковски, Димитар Тодоровски и Лука Станковски.
Кит Го одигра натпревар без голови со Трајал Крушевац
Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови и на третиот пријателски натпревар за време на летните подготовки пред новата сезона во Втората лига – Исток.
По оние 0-0 со Осогово, избраниците на Емил Грнев денеска во Пехчево одиграа натпревар без голови и против српскиот Трајал од Крушевац кој се наоѓа на подготовки во Пехчево.
Кит Го натпреварот го почна со следниот состав: Давков, Јанкулов, Мирчевски, Милевски, Христов, Цуцковски, Алексов, Рушту, Андонов, К. Трпчевски, Ступиќ. Во второто полувреме играа и Богдановски, Кр. Трпчевски, Ангелов, Николов, Бајрамов, Коцев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА