Поразот во првиот натпревар на ЛОИ во Токио им даде дополнителна мотивација на Полјаците кои оттогаш не знаат за пораз. Серијата од четири победи во низа денеска беше комплетирана со триумф над Канада од 3-0 (25-15, 25-21, 25-16) за осигурување на првата позиција на табелата во пресрет на четвртфиналето.
На победа од 3-0 се радуваше и Русија која славеше над Тунис со 25-20, 25-22, 25-16 и не дозволи ново изненадување во групната фаза, а притоа го осигура и првото место во групата „Б“.
Најинтересниот натпревар во досегашниот дел од денот го забележа Бразил кој славеше над Франција со 3-2 (25-22, 37-39, 25-17, 21-25, 20-18).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА