По едногодишна пауза поради Ковид-пандемијата, оваа година повторно се враќа еден од најпрепознатливите меморијални турнири во мал фудбал во Македонија, „Оливер Соколов – Сокол“, со своето 18-то издание.
Од денеска и официјално стартува пријавувањето на екипите кое ќе трае до 28. август. Пријавувањето по екипа изнесува 6.000 денари а вкупниот награден фонд ќе биде повеќе од 800.000 денари.
Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30. август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1. септември со почеток во 20 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.
„Турнирот ќе биде отворен со ревијален натпревар меѓу футсал репрезентацијата на Македонија и репрезентација од поранешните ју-простори која засега не сакаме да се открива. Бројот на екипи е ограничен на 48 екипи“ – информираат организаторите на турнирот.
Сите детални информации за традиционалниот меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ може да ги најдете на официјалната интернет страница: www.sokolturnir.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА