По сребрениот медал на Дејан Георгиевски, Македонија сонува за уште еден медал кој со сигурност ќе ги направи Игрите во Токио најуспешни за нашата држава. Со таа цел погледите се свртени кон борачот Могамедгаџи Нуров кој во подготовките за ОИ тренира со освојувачот на бронзениот медал за Македонија од Олимписките игри 2000 година во Сиднеј, Могамед Ибрагимов.
Нуров денеска пристигна во главниот град на Јапонија каде ќе има време да се прилагоди на тамошната клима пред борбата во осминафиналето против Белорусинот Алексндар Хуштин која е закажана за 8. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА