ЛОИ – КОШАРКА: САД ја совлада Франција

Кошаркарската репрезентација на САД славеше над Франција со 93-82 во натпревар од последното 3. коло од групната фаза.

Французинките добро го почнаа натпреварот против големиот фаворит и по десет минути игра имаа предност од плус три 22-19. Сепак, Американките заиграа далеку подобро во втората четвртина и на полувреме заминаа со предност од 50-44.

Во вториот дел рутински го приведоа мечот за трет триумф. Франција и покрај двата порази во групната фаза сепак обезбеди пласма меѓу осумте најдобри бидејќи има подобра кош-разлика од Канада.

Во првиот меч од денешната програма Јапонијa ја совлада Нигерија со 102-83 и се пласираше меѓу осумте најдобри.

Се вчитува...